Дали е ова нормално? Салах доби жестоки критики поради – божиќна елка! 📷


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Католиците го прославија Божиќ минатата вечер, а фотографии од прославите можат да се пронајдат на социјалните мрежи. Многу познати личности им го честитаа празникот на своите пријатели, а тоа го направи и фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Салах, меѓутоа, доби критики поради овој потег. Египќанецот е од исламска вероисповед и тоа ги налути муслиманите, иако голем дел од светот беше воодушевен поради неговиот потег.

Многумина го критикуваа него и неговото семејство затоа што тој накитил елка за католички Божиќ и прашањето е дали мора вака да се напаѓаат одредени луѓе.