Интер сака да го продаде, но никој не може да плати 20 милиони евра!


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Кристијан Ериксен повеќе нема да добива шанса кај тренерот на Интер, Антонио Конте, а италијанскиот клуб ќе се обиде да го продаде во јануари откако Данецот не се прилагоди во екипата.

Ериксен не успеа да ги оправда очекувањата, па затоа ќе биде продаден во друг тим, а тоа го потврди и Марота пред неколку дена.

„Да, можам да ви потврдам дека Ериксен е на трансфер листата. Тој ќе замине во јануари. Не е во плановите на тренерот и кубот, тешко му оди тука. Мислам дека вистинско решение е да најде клуб каде што ќе има повеќе простор за игра“, кажа Марота.

Ериксен се поврзува со неколку клубови, најмногу со ПСЖ, засега никој од заинтересираните клубови не сака да ја плати сумата од 20 милиони евра колку што Интер бара за Данецот.