Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ретки се ситуации кога тренерот на некој тим има намера да им излезе во пресрет на своите играчи и да ги почитува нивните барања, а токму тоа се случи во Реал Мадрид.
„Марка“ ги објави деталите од состанокот кога пет фудбалери на Реал му се спротиставиле на Зинедин Зидан и се бунеле поради неговите одлуки.
Пред мечот против Севиља на 5 декември кога „кралевите“ беа во криза, Зидан беше под голем притисок.
Серхио Рамос, Лука Модриќ, Карим Бензема, Касемиро и Тони Крос на разговорот му порачале да направи цврст состав со помалку ротации.
На нив не им се допадна изборот на фудбалери на Зидан и побарале во иднина да бира внимателно кои ќе играат за Реал, а тоа вроди со плод.