Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот Фелипе Мело зборуваше за неговите дуели со Лионел Меси. Тој е еден од фудбалерите кои ќе се паметат по неговата агресивност на фудбалските терени.
Мело раскажа како се соочувале со Аргентинецот и што морале да прават со неговите сонародници.
„Меси е посебен, не се плаши. Кога ќе го удриш тој само станува и продолжува каде што застанал. За мене е помеѓу најдобрите три играчи во историјата, луд е. Кога со Бразил игравме против него се ротиравме за почесто и повеќе да го удираме. Навистина е тешко да чувате еден таков играч“, кажа Мело.