Симеоне најде замена во нападот за Коста?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Диего Коста официјално го напушти Атлетико Мадрид, откако пред неколку дена побара раскин на договорот со шпанскиот гигант.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне не чекаше долго време пред да најде замена за искусниот напаѓач, а изборот падна на Аркадиуш Милик од Наполи.

И самиот Милик сака да ја промени средината бидејќи во Наполи нема воопшто минутажа оваа сезона, а фаворит за неговиот потпис е Атлетико Мадрид.

Милик влезе во последните шест месеци од договорот со Наполи, па италијанскиот клуб бара 10 милиони евра за неговиот потпис, сума која „јорганџиите“ се спремни да ја платат.