Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот шампион ПСЖ планира да направи одредени промени во екипата по доаѓањето на Маурицио Покетино.
Новиот тренер има план и визија за иднината, а од управата побара неколку засилувања. Сепак, најпрво ќе следи распродажба во екипата, па дури пет фудбалери ќе се продадат за 40 милиони евра.
На трансфер-листата се наоѓаат Џулијан Драклсер, Леонардо Паредес, Идриза Геј, Тио Керер и Андер Ерера. А, освен нив, ПСЖ можеби ќе го продаде и Анхел ди Марија, кој има договор до лето.
Сепак, Аргентинецот ќе разговара со сонародникот и новиот тренер Покетино, по што ќе дознае дали ќе остане во екипата или ќе биде продаден.