Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако “Мундо Депортиво” изрази страв дека Нејмар би можел да ја напушти Барселона, се поставува прашањето како каталонците би ги искористиле парите од неговата продажба.
Според некои извори Барселона размислува да ја прифати понудата од ПСЖ кој е спремен да плати 190 милиони евра. Каталонците не сакаат да го растураат триото “МСН”, но од друга страна тука е моќта на парите кои ги нудат Французите.
Прв на листата кој би можел да биде достојна замена за Нејмар е напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала. Тој има 22 години и минатото лето пристигна во Јувентус од Палермо за сума од 40 милиони евра (32+8). Сепак тешко е да се верува дека Јувентус ќе се откаже од услугите на Аргентинецот.
На мета е и соиграчот на Дибала, Пол Погба, тој се проценува на дури 100 милиони евра. Многумина сметаат дека Французинот не вреди толку, но негов менаџер е Мино Раиола кој е мајстор на трансфер пазарот.
Каталонците покажаа интерес и за фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати, за него се спремни да платат околу 60 милиони евра. Французите не сакаат да го пуштат Италијанецот, но веројатно ќе се согласат доколку Барселона одлучи да им го продаде Нејмар.
Тука се уште Маркињос исто така од ПСЖ, фантастичниот бек на Арсенал Хектор Белерин кој своите први фудбалски чекори ги направија во “Ла Масија”, Кевин Гамеиро од Севиља, искусниот Нолито од Селта, Габриел Жесус од Палмеирас и Самуел Умтити за кој се смета дека веќе има договор со Каталонците.