Заврши љубовта со Реал Мадрид: Јовиќ најде клуб за да ја оживее кариерата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот напаѓач Лука Јовиќ пристигна како големо засилување во Реал Мадрид, но ги разочара сите, па сега среќата ќе си ја бара на друго место.

Според „Марка“ Јовиќ стана неупотреблив за Зидан поради проблемите со повредата. Во текот на есента пропушти седум натпревари, четири поради коронавирусот, а три поради повреда. Поради тоа Србинот сега е трет избор за напаѓач кај „кралевите“.

Последните информации се дека е постигнат договор Јовиќ да се врати во Ајнтрахт на шестмесечна позајмица каде ќе се обиде да ја „оживее“ својата кариера.