„Мундо Депортиво“: Куман го доби првото засилување во Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ објави дека Барселона го комплетира првото засилување во јануарскиот преоден рок, а станува збор за одбранбениот фудбалер на Манчестер сити, Ерик Гарсија.

Гарсија одби да го продолжи договорот со „граѓаните“ поради интересот на Барселона, односно сакаше да се врати во Каталонија.

Иако се очекуваше Гарсија да пристигне во Барселона на крајот на сезоната како слободен фудбалер, сепак Каталонците решија да го купат за пет милиони уште во јануари.

Гарсија со каталонскиот гигант ќе потпише договор на пет ипол години.