Червар: Гледам шест оклопни возила, како да одиме во војна, тешко ни е во Египет…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватската ракометна репрезентација утре од 18 часот го игра првиот меч на Светското првенство, и тоа против Јапонија.

На денешната прес-конференција беше селекторот Лино Червар, кој го најави натпреварот против Јапонија.

Прв пред камерата беше Червар, кој пред почетокот зборуваше за необичните услови кои ги пречекале него и ракометарите во Египет.

„Што да ви кажам за организацијата… Кога одиме на тренинг, гледам шест оклопни возила, како да одиме во војна. Тешко е. Никогаш не сум видел вакво натпреварување. Нема да биде лесно, тешко е да се опишат чувствата. Едвај чекам да почне натпреварот и тој спортски дел да нѐ ослободи“, вели Червар.