Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лино Червар даде оставка вчера на клупата на хрватската ракометна репрезентација, откако доживеа пораз од Аргентина со 19-23.
Хрватска со поразот на Аргентина дојде до тешка ситуација и сега е пред невозможна мисија во борбата за четвртфинале на Светското првенство во Египет.
За Хрватска да се пласира понатаму треба да слави против Данска, но и Аргентина да доживее пораз од Катар. Червар, исто така е свесен колку е тешка ситуацијата, па поднесе оставка.
Сепак, хрватските медиуми пишуваат дека има можност ова да е нов трик на „Стариот лисец“. Тој направи нешто слично во 2010 година на Европското првенство во Австрија.
Интересно е што и тогаш даде оставка пред мечот против Данска, но на крајот се предомисли и остана селектор.