Словенците го обвинија Египет дека ги затруле со храна!

Ракометната селекција на Словенија не успеа да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Египет, откако во решавачкиот меч против домаќинот одиграа 25-25.

Меѓутоа, постои сериозен сомнеж дека Словенците биле затруени пред мечот против Египет. Дури 12 ракометари на селекцијата побарале медицинска помош поради наводно труење, а притоа се јави и ракометната федерација на Словенија.

„Никогаш во ракометната репрезентација не сме барале изговори. Како и секогаш, преземаме одговорност за секој проект. Сигурно можевме и нешто поинаку, дури и подобро, но овој пат навистина објективно и преку ноќ се најдовме во ситуација во која никогаш не сме биле претходно“, соопштија од Словенија.