Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ајакс од вчера е во центар на внимание поради нивната огромна грешка да не го пријават засилувањето платено 22 милиони евра. Себастијан Але нема да може да настапи во европското натпреварување поради административна грешка.
Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг објасни што се случувало на денешната прес-конференција.
„Тука не е досадно, зарем не? Никогаш не е досаден денот во Амстердам, но ова не е смешно. Ова е фрустрирачки. Не заборавивме да го пријавиме Але, туку се случи административна грешка. Скапо го плативме, во добра форма е и навистина ни е жал…“, вели тренерот.