Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер сити ја продолжи победничката серија во Премиерлигата, откако го совлада Ливерпул со 4-1 на гостински терен и така им избега на ривалите во битката за титулата.
„Граѓаните“ уште во првото полувреме имаа шанса за гол, но не ја искористи Илкај Гундоган од пенал во 37. минута откако ја испрати топката над голот на Алисон Бекер.
Германецот ја поправи грешката на стартот на вториот дел. Фоден помина низ одбраната на Ливерпул и му асистираше на Гундоган, кој не беше чуван од никого и му донесе водство на „граѓаните“.
Неколку минути подоцна беше досусен пенал на спротивната страна, Салах израмни на 1:1 и тоа беше се што направија „црвените“.
Фоден уште еднаш ја измеша одбраната и му асистираше на Гундоган за 2:1. Три минути подоцна Стерлинг зголеми на 3:1, а потоа и Фоден се запиша во листата на стрелци.
Со оваа победа Сити се одлепи на врвот со 5 бода повеќе од Јунајтед, притоа „граѓаните“ имаат и натпревар помалку.