Агуеро заминува од „Итихад“: Гвардиола има листа со пет желби за нов напаѓач


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Серхио Агуеро на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер сити затоа што не се договори да ја продолжи соработката со лидерот во Премиерлигата.

Агуеро по цела деценија би можел да го напушти тимот од „Итихад“, а тоа ќе биде голем удар за екипата на Пеп Гвардиола бидејќи Аргентинецот во дресот на „граѓаните“ постигна 256 голови на 379 меча.

Гвардиола не сака ништо да ризикува и веќе тргна во потрага по нов напаѓач, а на листата со желби на тренерот се наоѓаат пет имиња.

Прва желба на „граѓаните“ е Лионел Меси, но тој засега нема решено каде ќе ја продолжи кариерата. Покрај него, на листата со желби се уште и Ерлинг Халанд, Ромелу Лукаку, Лаутаро Мартинез и Дени Ингс.