Снегот ги одложи сите натпревари во Првата лига


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска во македонската Прва Лига требаше да се одигра 19. коло, односно пет натпревари, но тие се одложени поради големиот снег кој падна во минатата ноќ.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одложи колото за следниот викенд.

„Поради обилните врнежи од снег на територијата на цела држава, ве информираме дека Комисијата за натпревари на ФФМ преостанатите пет натпревари од 19. коло од 1 МФЛ што требаше да се одиграат денеска ги ОДЛОЖУВА за следниот викенд 21.02.2021 година недела“, пишува во соопштението на ФФМ.

Вчера се одигра еден натпревар во Струмица, на кој се пресметаа Академија Пандев и Работнички, а славеше скопската екипа со 1-0.