Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона ќе се соочи со ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампиони, а сите се сеќаваме на спектакуларната пресметка од 2017 година кога Каталонците поминаа понатаму по неверојатен пресврт.
Тренерот на парижаните, Маурицио Покетино во првиот меч нема да може да смета на Нејмар и Ди Марија, па поради тоа ќе мора да прави промени.
Познато е дека на голот се враќа Кејлор Навас, а во дефанзива ќе играат Маркињос, Кимпембе, Курзава и Флоренц.
Марко Верати се врати по повредата и ќе заигра на средината, а друштво ќе му прават Паредес и Геј.
Во нападот ќе бидат Мбапе и Икарди, а само една дилема има аргентинскиот тренер и тоа кој ќе биде со нив во нападот – Сарабија или Кин.
Мечот меѓу Барселона и ПСЖ се игра утре од 21 часот.