Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокез бил приведен од страна на полицијата на информативен разговор.
Првите информации се дека угостителот Александар Кајмаковиќ, познат како Аца Босанац, во разговор со полицијата им открил криминални врски со Кокеза.
Кокеза веднаш бил приведен и од утрово е на испрашување, а засега не е познато дали има вистина во ваквите тврдења на угостителот.
Славиша Кокеза на чело на Фудбалскиот сојуз на Србија е од 20. мај 2016 година. Претходно кратко време беше член на управниот одбор на Црвена Звезда.