Дел Пиеро удри по Роналдо: Кристијано го предаде Јувентус!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро им се приклучи на критиките на сметка на Кристијано Роналдо по испаѓањето од Порто во Лигата на шампиони.

Јувентус во реваншот од осминафиналето го победи Порто со 3-2, но испадна поради тоа што Порто постигна повеќе голови на гостински терен.

Трагичар на мечот беше Кристијано Роналдо, поради кој Јувентус прими гол за 2-2 во 115. минута од натпреварот.

„Роналдо со тој потег го предаде Јувентус, но не беше единствен. Но, тој има одговорност како најдобар фудбалер и лидер да реагира подобро во такви ситуации“, кажа Дел Пиеро.