Швајнштајгер се враќа во фудбалот – ќе биде директор?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер би можел наскоро да стане спортски директор на Ајнтрахт Франкфурт.

„Билд“ објави дека поранешниот фудбалер е фаворит за позицијата на Фреди Бобиќ, кој би требало да го наследи во екипата од Франкфурт.

Швајнштајгер пред две години се повлече од фудбалот додека настапуваше за Чикаго фајерс, а во моментов работи како ТВ-консултант.

Неодамна Швајшнтајгер даде интервју за германските медиуми во кое зборуваше дека сака да добие позиција на која ќе почувстувва одгворност и од која ќе може да направи нешто.