Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Поранешниот македонски репрезентативец Предраг Самарџиски ја продолжува кариерата во турскиот второлигаш Јени Мамак.
Екипата се натпреварува во втората кошаркарска лига на Турција и има 12 победи и 10 порази и се бори за пласман во повисок ранг.
Самарџиски е искусен кошаркар, кој сезонава нема одиграно ниту натпревар затоа што правеше пауза од кошарката.
Екс-репрезентативецот минатата година настапуваше за Самсунспор, а во кариерата ги носеше и дресовите на Црвена Звезда, Литвос Ритас, Мерсин, МЗТ Скопје…