Баерн Минхен и Челси се последните четвртфиналисти во ЛШ 🎥


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вечерва се играа нови реванши од 1/8 финалето во Лигата на шампионите и во нив не видовме изненадување.

Баерн Минхен после победата во Рим од 4:1 и вечерва го доби Лацио, овој пат со 2:1 Баварците. До водство Баерн стигна преку Роберт Левандовски кој погоди во 33. минута. Во вториот дел Чупо Мотинг влезе во игра на местото полскиот голгетер во 71. минута и само две минути подоцна се запиша во листата на стрелци. Конечните 2:1 ги постави Марко Пароло во 82. минута.

На вториот натпревар кој го играа Челзи и Атлетико Мадрид. Челзи славеше против „јорганџиите“ со 2:0. Гледавме натпревар без многу шанси и тоа им одговараше на Англичаните. Двата гола дојдоа после контри. Во првото полувреме Зијеш го матираше Облак по асистенцијата од Вернер, а во последните моменти од натпреварот Емерсон погоди со првиот допир со топката. Треба да се спомене и дека Стефан Савиќ во финишот од натпреварот заработи црвен картон.