Дел Потро мора да оди на нова операција: Ова не е крајот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хуан Мартин Дел Потро има проблеми со коленото, кое ќе мора повторно да го оперира за да ја продолжи тениската кариера.

Аргентинецот сака да се оперира за да може да заигра на Олимписките игри во Токио, кои треба да се одржат ова лето.

Дел Потро го повреди коленото во 2018 година и потоа одигра само 12 меча, а последниот му беше во јули 2019 година, по што следеа три операции.

„Се обидовме со конзервативна терапија, но болката уште постои. Докторот знае дека сакам да играм тенис и дека сакам да одам на Олимписки игри, па се сложивме дека операција мора да направам што е можно побрзо“, објави Аргентинецот.