Шок во Милан: Донарума ќе го засили Јувентус?


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Џанлуиџи Донарума има договор со Милан до крајот на сезоната, па Италијанецот би можел целосно бесплатно да си замине од тимот на „росонерите“.

Менаџерот Мино Рајола се обидува да најде заеднички јазик со Милан, но не им оди најдобро, па поради тоа италијанските медиуми објавија дека младиот голман ќе се пресели во вечниот ривал Јувентус.

Рајола бара плата од осум милиони евра и бонуси во вредност од 10 милиони евра, а тие услови се прифатливи за Јувентус, кој ќе почне преговори по крајот на сезоната доколку претходно „росонерите“ не се договорат со контроверзниот менаџер.

Донарума доаѓа од младинската академија на Милан, каде што дебитираше за првиот тим на 16 години.