Необична сцена: Судија бараше автограм од Ерлинг Халанд! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити го совлада тимот на Борусија Дортмунд со 2-1 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Меѓутоа, тоа што привлече многу внимание се случи на крајот на натпреварот, кога еден од помошните судии му побара автограм на Ерлинг Халанд.

Помошникот по средбата го запре норвешкиот напаѓач во соблекувалната и зема автограм од него, а такво нешто не се гледа често.

За ситуацијата зборуваше и Пеп Гвардиола на прес-конференција.

„Можеби е негов навивач и ја искористи можноста. Зошто да не, судиите беа одлични на натпреварот“, кажа Пеп.