Настрада судијата кој не му го призна голот на Роналдо!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Главниот судија од мечот меѓу Србија и Португалија, Дани Макели го отпушти неговиот помошник Мари Дикс, кој направи голема грешка на натпреварот.

Дикс во судиското надополнување не му призна чист гол на Кристијано Роналдо, а тоа предизвика бурни реакции од јавноста.

„Долги години работам со Мари и разбирате дека ова е тешка одлука за мене и затоа нема да ја коменитарам“, изјави Микели.

„Ова е големо разочарување за мене баш пред Европското првенство. Микели ми рече дека сака да продолжи со друг помошник бидејќи ја загубил довербата во мене. Навистина се надевав на поголема поддршка, долго соработуваме, грешки се случуваат“, изјави Дикс.