Челси ја напушти Суперлигата!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Челси ги подготвува документите со кои ќе побара да се повлече од европската Суперлига. Фудбалскиот свет беше погоден од објавата дека ќе почне ново натпреварување во кое ќе бидат познати 12 учесници. Меѓу тие екипи требаше да биде и Челси, кој очигледно се предомисли.

Вечерва во Лондон се одржа итен состанок, а неколку илјади навивачи се собраа да ја бојкотираат Суперлигата и да побараат од раководството да се повлече од лигата.

Очигледно управата на Челси имаше слух за желбите на навивачите, па реши да се повлече од Суперлигата, која најверојатно ќе заврши уште пред да почне.