Суперлигата е откажана, но планот ќе продолжи да живее!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шест премиерлигаши објавија синоќа дека се повлекуваат од проектот за создавање на европска Суперлига, а потоа организаторот реши да ја откаже лигата.

Манчестер сити, Челси, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Тотенхем и Арсенал официјално објавија дека се повлекуваат од Суперлигата, а потоа останатите тимови објавија соопштение.

„Европската Суперлига е убедена дека сегашниот статус на европскиот фудбал мора да се промени. Предложивме ново европско натпреварување затоа што сегашниот систем не функционира. Целта на нашиот предлог е создавање на стабилност во фудбалската пирамида, како и помош поради финансиските проблеми кои ги доживеа цела фудбалска заедница“, соопштија од Суперлигата.