Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на Шалке ги нападнаа фудбалерите и стручниот штаб на клубот, откако испадна тимот од Бундеслигата по 30 години.
Навивачите не беа задоволни поради последниот пораз на нивниот омилен клуб на гости кај Арминија Билефелд (0-1), а околу 600 фанови ги чекаа пред стадионот.
„Кога тимот го напушти автобусот, навивачите фрлаа со јајца кон фудбалерите“, соопшти локалната полиција.
Со соопштение се јави и германскиот тим, кој го осуди нападот на фудбалерите.
„Го разбираме гневот, но клубот никогаш нема да прифати физичка сила кон нашите фудбалери и персоналот“, соопштија од Шалке.
Во инцидентот никој не бил повреден, а нема информации ни за уапсени навивачи.