Навивач на Манчестер јунајтед доби брутален ќотек од полицајци! 🎥


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Големото дерби во англискиот фудбал меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул беше одложено поради тоа што навивачите на „црвените ѓаволи“ упаднаа на „Олд Трафорд“.

Навивачите од протест кон сопственици на клубот, семејството Глејзерови, решија да прават проблеми пред стадионот во Манчестер.

Раководството на Премиерлигата реши да го одложи мечот за друг датум, зашто не можеше да гарантира безбедност на фудбалерите.

Еден од полицајците доби тешка повреда на лицето, кога навивачите на Јунајтед го удриле со шише во лице.

Сепак, ниту полицајците не останале должни, па му удриле ќотек на еден навивач на „ѓаволите“.