Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се соочува со големи проблеми и има долг од 3,5 милиони евра по заминувањето на поранешниот газда Сергеј Самсоненко.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов за медиумите кажа дека нема намера да го преземе клубот додека не биде исплатен целиот долг.
„Вардар е приватен тим. Некој сака да го продаде, а нема начин како да ги покрие трошоците. Јас не можам да го преземам клубот додека има долг од 3,5 милиони евра“, кажа Шилегов за „Сител“.
Шилегов уште еднаш повтори дека отворена е опцијата да пристигнат инвеститори од Катар во тимот.
„Инвестицијата од Катар е отворено прашање. Додека не добиеме гаранција за враќање на долговите, ние нема да го преземеме клубот“, вели градоначалникот на Град Скопје.