Лукаку повторно го провоцира Ибрахимовиќ: Постигна многу голови, ама…

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку не испушти шанса повторно да го испровоцира неговиот ривал од Милан, Златан Ибрахимовиќ.

Интер по пауза од 11 години го освои Скудетот, а еден од најзаслужните за тоа беше токму белгискиот напаѓач.

„Титулата припаѓа на екипата, навивачите, тоа не е моја титула. Јас им помагав за да ја освојат. Се надевам дека вака ќе продолжиме и во иднина и ќе освоиме уште многу трофеи“, кажа Лукаку.

Лукаку знаеше и како да го испровоцира Швеѓанецот, со кој имаа неколку пресметки во текот на сезоната.

„Ибра е одличен фудбалер, освои многу трофеи. Постигна повеќе од 500 голови, ни требаат такви фудбалери, но тој е играч кој игра за себе, а не за екипата. Роналдо и јас играме за нашите тимови“, објасни Белгиецот.