Финалето од ЛШ се сели во Англија?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ѝ понуди на Европската фудбалска унија да го премести финалето во Лигата на шампиони на Островот.

Финалето е закажано за 29 мај меѓу Челси и Манчестер сити во Истанбул, но поради зголемиот број на заразени со ковид-19, се шпекулира дека натпреварот може да се одигра на „Вембли“.

„Вембли“ би можел да пречека до 22.500 гледачи, но секако тука ќе игра улога и Владата која треба да даде дозвола за движење на новинарите, ВИП гостите и останатите лица.

Финалистите исто така ќе мора и да се откажат од заработката и парите да бидат доделени на Истанбул, односно организаторот на финалето, а сумата изнесува 20 милиони евра.