Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најтрофејниот македонски клуб Вардар од денеска е второлигаш, откако го загуби мечот против Струга со 0-1 и така испадна од Првата лига.
Вардар се соочи со ужасна ситуација во претходниот период, каде што имаше долгови, па блокирана сметка и други проблеми, поради кои беше јасно дека ќе имаат тешка сезона.
Марјан Алтипармаковски го постигна единствениот гол на мечот меѓу Струга и Вардар и така ја однесе својата екипа на место кое води во Европа следната сезона.
Испаѓањето во Втора лига не е крај на проблемите за Вардар, кој мора да ги враќа долговите, а инвеститори во моментов нема.
Вардар во 2011 година испадна од Првата лига, но тогаш со фузија со Миравци се врати во лигата и освои шест титули, а играше и во групната фаза од Лига Европа.