Агуеро и Депај се пред потпис со Барселона, но Лапорта најде уште еден напаѓач?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона на лето планира големи трансфери, иако двете потенцијални засилувања ќе пристигнат целосно бесплатно затоа што Каталонците немаат многу пари.

Еден од фудбалерите кои се очекува летово да го засили каталонскиот гигант е Серхио Агуеро од Манчестер сити, чиј договор завршува на лето, а исто така Мемфис Депај е во слична ситуација.

Покрај овие двајца фудбалери, медиумите шпекулираат дека Барселона сака да ангажира уште еден напаѓач, а изборот паднал на фудбалерот на Виљареал, Жерар Морено, кој сезонава постигна 21 гол.

Мартин Брајтвајт ќе си замине на лето, а токму Морено е идеалната замена и веќе преговорите за негов трансфер биле почнати од страна на претседателот Жоан Лапорта, а веста ја пренесува „ЕСПН“.