Бешикташ потпиша со еден од најталентираните македонски фудбалери!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бешикташ го ангажираше вардаровиот талент Бесир Гуџуфи, кој минатата сезона играше за Беласица по хаосот кој се случи во Вардар, поради кој „црвено-црните“ испаднаа во Втората македонска лига.

Гуџуфи е еден од најталентираните македонски фудбалери, а Турците во него гледаат „нов Елмас“.

Фенербахче во минатото го ангажираше Елиф Елмас за 200.000 евра кои ги плати како компензација, по што го продаде во Наполи за 16 милиони евра.

Младинскиот репрезентативец на Македонија во Беласица успеа да постигне три гола и две асистенции, со што си обезбеди голем трансфер.

За потписот на младиот талентиран фудбалер имаше интерес и од Трабзонспор, но Бешикташ бил поубедлив во преговорите.