Фабрицио Романо: Алаба потпиша дел од договорот со Реал Мадрид!

Австрискиот фудбалер Давид Алаба потпиша дел од договорот со Реал Мадрид, барем така објави експертот за трансфери, Фабрицио Романо.

Алаба како слободен фудбалер го напушта Баерн Минхен по 13 години и негова следна дестинација ќе биде Мадрид.

Реал ќе го претстави Алаба по завршување на сезоната, кога сите документи треба да бидат потпишани, а дефанзивецот ќе добие плата од 12 милиони евра.

Алаба долго време игра на високо ниво, но има 28 години и Реал очекува од него да биде одлично засилување.

Во последно време игра и како стопер, а често знае и да покрие позиции и во средината од теренот.