Заев го нападна Сејдини: ФФМ со милиони ги купува делегатите!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Премиерот на Македонија, Зоран Заев имаше интервју за „Коха“ во кое зборуваше против претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини.

Владата понуди да формира работна група за поддршка на репрезентацијата, но ФФМ ја одби понудата и сега премиерот на државата потврди дека имале конфликт со ФФМ.

„Има конфликт да, јас мислам дека ФФМ е заробена како што ни беше државата заробена на нетранспарентен и строго контролирачки начин преку огромните милиони со кои што разполага ФФМ буквално се менаџираат и купуваат делегати мислам дека не е слободно, зошто? Заради тоа што собранието на ФФМ е спротивно на законот на спорт. Значи нешто кога се прави надвор од законот тогаш е проблем. Сите федерации во државата го почитуваат законот за спорт само ФФМ не го почитува. Во законот за спорт кажува дека делегати во Собранието даваат прво членките на таа федерација, клубовите, не може Шкендија да нема делегат, не може Беласица да нема делегат или Пандев да нема делегати или не знам Шкупи“, кажа Заев.