Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Даниел Аврамовски вети голема борба за Македонија на Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи летово.
Навивачите се возбудени поради настапот на македонските фудбалери на големиот турнир, а Аврамовски вели дека се надеваат на голем успех.
„Јас со младата репрезентација играв на Европското првенство, но ова е нешто друго. Се надеваме на успех, но крајот го краси делото. Позитивната трема се чувствува и сите со нетрпение го чекаме стартот. Мотивирани сме и работиме, а успехот ќе си дојде“, вели Аврамовски.
Македонија во вторник има тест-меч против Словенија, а на натпреварот ќе има 10.000 навивачи.
„Кога играме пред нашите навивачи тоа ни е ветер во грб, се надевам дека ќе бидат продадени сите 10.000 влезници и ќе ја имаме таа поддршка. Има голема еуфорија воцелата земја, нѐ контактираа луѓе сакаат да дојдат и да навиваат за нас. Можам да ветам дека ќе гинеме на теренот за да ги израдуваме сите“, изјави Аврамовски.
Фото: ФФМ