Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни зборуваше за Европското првенство кое треба да се одржи летово, а на кое за првпат ќе настапи Македонија.
Руни има свој фаворит, а тоа не е репрезентацијата на Англија, чиј дрес го носеше во минатото бидејќи смета дека Франција има поголем квалитет.
„Франција нема конкуренција. Мбапе, Канте, Бензема, Гризман, Погба, Варан, Лорис, ќе замрзнете кога ќе ги прочитате овие имиња. Тие се актуелни светски шампиони и не гледам која репрезентација би можела да ги победи. Англија е една од најдобрите, а за завршница ќе се борат и Белгија и Португалија, иако мој фаворит е Франција“, вели Руни.