Аргентина обезбеди четвртфинале: Меси израмни рекорд на Маскерано! 🎥


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фудбалерите на Аргентина триумфираа со 1-0 против Парагвај и така го обезбедија триумфот во четвртфиналето на Копа Америка.

Единствениот гол на мечот го постигна Папу Гомез, по одлична асистенција на Анхел Ди Марија, а капитенот на аргентинската репрезентација Лионел Меси го одигра својот 147. меч во националниот дрес и така го израмни рекордот на Хавиер Маскерано.

Оваа победа ја однесе Аргентина на врвот во групата А со седум бодови по три одиграни меча, а Чиле исто така обезбеди четвртфинале бидејќи заврши втор во групата со пет бодови.

Аргентина во последниот меч во групната фаза ќе игра против Боливија, додека Парагвај ќе се пресмета против Чиле.