Газдата на Фенербахче ќе го купи Вардар!?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Сопственикот на турскиот гигант Фенербахче, Али Коч чие богатство се проценува на повеќе од милијарда евра, а неговото семејство е меѓу најбогатите во Турција, планира да го купи Вардар.

Вардар се наоѓа во сериозни финансиски проблеми, а минатата сезона испадна во Втората лига, па турските медиуми пишуваат дека „црвено-црните“ можат да станат филијала на Фенербахче.

Пред неколку дена бизнисменот Слободан Крстевски седна на чело на најтрофејниот македонски клуб, но според турските медиуми, тоа би можело наскоро да се промени.

Планот на Коч бил да го врати Вардар во елитата, а потоа и да го вклучи во борбата за европските натпреварувања, па останува да видиме дали турскиот бизнисмен ќе направи конкретен потег.

Вардар пред четири години го оствари најголемиот успех во клупската кариера, кога го исфрли Фенербахче и обезбеди пласман во групната фаза на Лига Европа.