Предавство кое нема да се заборави: Чалханоглу потпиша за Интер


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Хакан Чалханоглу не успеа да се договори со Милан за продолжување на соработката, па потпиша за нивниот градски ривал Интер.

Милан му нудеше плата од четири милиони евра по сезона, но тоа беше помала понуда од таа на Интер, кој му даде пет милиони евра годишно плус договор на три години.

„Нераѕурите“ на социјалните мрежи потврдија дека го ангажирале фантастичниот турски репрезентативец, кој ќе остане во екипата до 2024 година, а тоа дефинитивно ќе ги налути навивачите на „росонерите“.