Итен состанок поради Меси: Барселона сака да ги прекрши правилата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта призна дека се блиску до договор со Лионел Меси, но треба да се задоволат финансиските правила.

Меси повеќе не е фудбалер на Барселона, а тоа го активираше алармот во Каталонија, па тимот сака што е можно побрзо да потпише договор со него.

Меси има репрезентативни обврски во Копа Америка, а Барселона се надева дека наскоро ќе може да потврди дека потпишале нов договор.

„Преговорите напредуваат. Тој сака да остане, ние сакаме да остане. На пат сме да ја пронајдеме добитната формула“, кажа Лапорта.

„Мундо Депортиво“ објави дека Лапорта во Мадрид разговарал со претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас за да ја премине границата за идната плата на Меси.

Лапорта пред неколку дена призна дека финансискиот фер-плеј е еден од проблемите поради кои уште не е комплетиран договорот.