УЕФА реагираше по грешката: Сејдини го запиша како – Македонец!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерството за надворешни работи (МНР) на Македонија реагираше до Европската фудбалска унија (УЕФА) по грешката која беше направена со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски.

УЕФА ги запиша Сејдини и Поповски како „Северномакедонци“, иако такво нешто не постои, па потоа реагираше МНР и Европската фудбалска унија ја поправи својата грешка, па сега претседателот и генералнито секретар ги запиша како – Македонци.

„МНР води сметка за точната употреба на државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како и што сме реагирале и претходно, реагиравме и сега до УЕФА со барање да се променат термините согласно Уставот личната карта на земјата во Обединетите Нации“, порачаа од МНР.