УЕФА почна истрага: На Англија ѝ се заканува казна!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Европската фудбалска федерација (УЕФА) почна постапка против Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поради случувањата на натпреварот против Данска.

Англичаните триумфираа со 2-1 во полуфиналето на Европското првенство, а во мечот навивачите на домаќинот не покажаа почит кон противникот.

При изведување на химната на Данска, дел од навивачите на Англија ја исвиркуваа химната на противникот и ги прекршија правилата на УЕФА:

Исто така, при изведување на пеналот во продолженијата, на голманот Каспер Шмајхел му светеа со ласер во очи и тој инцидент ќе биде истражен.

И за крај ќе биде отворена истрага поради користење на огномет и факели, па Англија најверојатно ќе биде казнета, а останува да видиме и на каков начин.