Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул летово ќе го засилува својот тим со цел да се врати на врвот во Премиерлигата, а додека се чека Марсел Сабицер, тренерот Јирген Клоп си пронајде засилување во Шпанија.
Шпанските медиуми пишуваат дека фудбалерот на Атлетико Мадрид, Саул Нигез е блиску до потпис со Ливерпул и тоа за цена од 40 милиони евра.
Клоп нема да чека многу ова лето, како што беше случај со претходното, па тргнал и по потписот на напаѓачот на Лидс, Патрик Бамфорд.
Ливерпул, исто така, бара и нови засилувања, а притоа чека да се заврши сапуницата за Сабицер и неговата иднина во Лајпциг.
Во секој случај, Клоп го чека возбудливо лето на трансфер-маркетот, а не се исклучени и уште неколку заминувања од екипата по Жоржињо Вајналдум.