Донарума сакал да го носи бројот 99 во ПСЖ, но не добил дозвола од Лига 1


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума пред неколку дена потпиша за ПСЖ, каде што ќе брани во следните четири години.

Донарума беше јунак во финалето на Европското првенство (ЕП) откако одбрани два пенали и така ѝ ја донесе титулата на Италија.

Голманот пристигна во Париз целосно бесплатно откако му заврши договорот со Милан, па реши дека е време да пронајде нов предизвик во кариерата.

Исто така, Донарума ги изненади сите со одлуката да го носи бројот 50 во ПСЖ, откако претходно во Милан го носеше бројот 99, а во дресот на Италија го имаше бројот 21.

Француските медиуми откриваат дека Донарума го сакал бројо 99, но не добил дозвола за тоа. Лига 1 не им дозволува на голманите да носат такви броеви, па за нив се резервирани други броеви.