Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ беше примен во „Куќата на славните“, а претходно кажа дека ќе му биде чест што и понатаму ќе соработува со Новак Ѓоковиќ.
Иванишевиќ соработува со Ѓоковиќ веќе неколку години, па го кажа дека Србинот нема да застане на 20 гренслем-титули во кариерата.
„Машкиот тенис е во добра состојба. Федерер полека заминува и не верувам дека повеќе може да биде најдобар. Ѓоковиќ и Надал ќе се борат за рекорди. Но, има и други кандидати кои во следните пет-шест години ќе се борат за првото место. Тоа се Медведев, Тим, Циципас, Беретини, Мусети и останати. Ќе има многу промени на АТП-листата откако ќе заминат овие тројца“, вели Иванишевиќ.