Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Стефан Бајчетиќ се наоѓа пред излезната врата на Ливерпул, по периодот во кој неговата кариера на Енфилд не се развиваше според очекувањата.
Ливерпул во последниот подготвителен натпревар пред почетокот на новата сезона го совлада Комо со резултат 2:0, но Бајчетиќ не беше во составот.
Уште повеќе, тој не настапи ни во претходниот натпревар што се одигра во тренинг центарот на Ливерпул за сите играчи да ги добијат потребните минути пред почетокот на Премиер лигата.
Според информациите на Фабрицио Романо, Бајчетиќ е блиску до трансфер во Хетафе, каде што ќе се обиде повторно да ја покрене својата кариера.
За 21-годишниот среден играч, ова би можело да биде нов почеток по неколку исклучително тешки сезони.
















